
По апсењето на новинарот Фуркан Салиу, реагираат здруженијата на новинарите, ЗНМ и ССНМ, кои бараат новинарот на PortaliX да биде пуштен веднаш на слобода, а МВР да информира за причините за негово апсење.
„ЗНМ и ССНМ апелираат случајот веднаш да биде расчистен, да се внимава да не се повредат правата на колегата Салиу, а политичките партии да не го користат во своите дневно политички препукувања и за партиски цели на изборната кампања„, се вели во соопштението на новинарските организации.
Пред малку беше објавена информација на PortaliX, онлјан медиумот во кој Фуркан Салиу е основач и уредник. Уредничкиот тим на медиумот информира дека денешниот акт на специјалната единица против новинарот Салиу е целосно диригиран и претставува обид за притисок врз слободното новинарство што го практикува PortaliX.


